НА ПОГРЕБОТ НА КРАЛИЦАТА ЕЛИЗАБЕТА ВТОРА Гестот на Меган Маркл кон принцезата Шарлот предизвика бура (ВИДЕО)

Меган Маркл ѝ се насмевна суптилно и со многу емоции на малата принцеза Шарлот во Вестминстерската сала за да ѝ покаже поддршка во овие тешки и емотивни моменти.

942

Погребот на кралицата Елизабета Втора беше под будното око на целиот свет, а беше одбележан, меѓу другото, и со гестот на Меган Маркл кон принцезата Шарлот, ќерката на принцот Вилијам и Кејт Мидлтон.

Меган Маркл ѝ се насмевна суптилно и со многу емоции на малата принцеза Шарлот во Вестминстерската сала за да ѝ покаже поддршка во тешките и емотивни моменти, а нејзиниот гест наиде на многу симпатии од луѓето ширум светот.

 







Меган беше проследена со спротивставени коментари откако се сврши со принцот Хари во 2017 година и оттогаш е во фокусот на светската јавност.

Сепак, таа воодушеви со својот гест кон малата Шарлот бидејќи нејзината насмевка ја красеше топлина и љубов. Инаку, додека меѓу Вилијам и Хари беа забележани и поемотивни моменти, меѓу Меган и останатите членови на дворот владееше дистанца, не сметајќи ја грофицата од Весекс.

Принцот Хари со насмевка ја поздрави Шарлот и за време на богослужбата во капелата Свети Џорџ во Виндзор, каде што вчера беше погребана кралицата. И тогаш е забележана брзата реакција на принцезата, која веднаш ја сврте главата кога ја здогледа насмевката на својот вујко.

 


Шарлот Елизабет Дијана, која уште од самото раѓање ја споредуваат со нејзината прабаба, вчера му одржа мала протоколарна лекција на својот брат Џорџ (9), велејќи му дека мора да се поклони пред ковчегот на кралицата. Малото девојче во еден момент заплака, совладена од емоциите за покојната кралица Елизабета Втора.

ФОТО: Инстаграм/Твитер

Поврзани содржини