НА ПЛОШТАДОТ ВО ТЕТОВО СЕ ОДДАВА ПОЧИТ ЗА ЗАГИНАТИТЕ ВО КОЧАНИ Ќе направиме сè ваква трагедија да не се повтори, порача Касами

Денеска сме тука во Тетово, во мое лично име, во име на моите сограѓани да ја споделиме нашата длабока болка со сите семејства на загинатите од трагедијата во Кочани. Како Тетово и тетовци стоиме сплотени заедно со сите, рече градоначалникот на Тетово, Биљал Касами.

413

На плоштадот во Тетово денеска беше оддадена почит за 59 млади луѓе кои ги загубија животите во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани.

Градоначалникот на Тетово, Биљал Касами, заедно со членовите на Советот на Општина Тетово и дел од средношколците положија цвеќе и оддржаа минута молк.






– Денеска сме тука во Тетово, во мое лично име, во име на моите сограѓани да ја споделиме нашата длабока болка со сите семејства на загинатите од трагедијата во Кочани. Како Тетово и тетовци стоиме сплотени заедно со сите за полесно да ја поминеме оваа голема болка и оваа трагедија што ни се случи. Се молиме и работиме ова да биде последна трагедија што ни се случува. Нашата цел е понатаму како институции да работиме ваквите случаи да се елиминираат и да не ни се случуваат – истакна Биљал Касами.

Младите од Тетово и попладне ќе се соберат на плоштадот за да се оддаде почит на загинатите. Од соборниот храм „Свети Кирил и Методиј“ во Тетово информираат дека храмот ќе биде отворен и вечерва за верниците кои сакаат да оддадат почит со палење на свеќа и со молитва.

Поврзани содржини