На плажа во јули: Грција најавува постепено олеснување на мерките
Ублажувањето ќе се одвива во фази од 10 мај и ќе трае до јули, кога се очекува нормализација на земјата.
Грчката влада објави постепено олеснување на рестриктивните мерки доколку нема зголемување на бројот на заразени, објави грчкиот весник „Катимерини“.
Ублажувањето ќе се одвива во фази од 10 мај и ќе трае до јули, кога се очекува нормализација на земјата.
Постојните ограничувања нема да бидат укинати сите во исто време, но нормализацијата на состојбата во земјата ќе се одвива постепено според различни критериуми.
Така, намалувањето на забраната за движење нема да влијае на сите граѓани на почетокот, но особено ранливите групи како што се старите лица ќе продолжат да бидат изземени.
Покрај тоа, во првата фаза, напуштањето на забраната за движење ќе се однесува само во урбаните области.
Забраната за собирање на повеќе луѓе во угостителските објекти ќе остане во сила во текот на првата фаза на ублажување на рестриктивните мерки.
Рестораните, баровите, кафулињата и ноќните клубови нема да бидат отворени во текот на оваа фаза. Продавниците ќе работат, но максималниот број на клиенти во нив ќе биде ограничен во зависност од големината на објектот.
Забраната за патување ќе се олесни во втората половина на јуни или почетокот на јули, така што нормализацијата на туризмот постепено ќе заврши.