НА ПЕТМИНА ТУРЦИ ИМ СЕ СТЕМНИЛО НА ВОДНО Побарале помош на 112, полицијата ги пронашла здрави и живи
Во соопштението се вели дека лицата се пронајдени и безбедно евакуирани кон Скопје.
Пет лица, турски државјани, побарале помош на бројот за итни случаи 112 откако сфатиле дека се изгубиле на планината Водно откако се стемнило, објави Центарот за управување со кризи (ЦУК).
Во соопштението се вели дека лицата се пронајдени и безбедно евакуирани кон Скопје.
„По добиениот повик на Единствениот повикувачки број за итни случаи 112 во ЦУК дека на паркингот кај Милениумски крст на Водно се наоѓаат пет лица, турски државјани, кои се изгубиле и не знаеле да се спуштат надолу откако се стемнило, од Секторот за операции и координација на ЦУК се известени дежурните од полицијата, СВР Скопје, кои веднаш тргнале со возило. Притоа, од ЦУК им бил даден и телефонскиот број на пријавителот, турски државјанин, за да се оствари и непосредна комуникација согласно потребите“, наведено е во соопштението.
ЦУК информира дека во 18:10 часот петте лица, турски државјани, се пронајдени и од кај месноста Милениумски крст на Водно, согласно остварените контакти со СВР Скопје, па се земени со возило на полицијата за безбедно да се евакуираат кон градот.