НА ПАТРИЈАРХОТ КИРИЛ МУ Е РОДЕНДЕН, ПУТИН МУ ДАДЕ ПОДАРОК Гласот на црквата повторно добива големо значење во Русија
Гласот на црквата повторно доби големо значење во Русија, а во многу нешта е резултат на активностите на патријархот Кирил, рече рускиот претседател Владимир Путин.
Рускиот претседател Владимир Путин му го додели Орденот на светиот апостол Андреј Првоповикан на патријархот Московски и на цела Русија, Кирил, на неговиот 75-ти роденден.
„Путин го доделува Орденот на патријархот Кирил за исклучителниот придонес во зачувувањето и развојот на духовните и културните традиции, зајакнувањето на мирот и хармонијата меѓу народите“, се вели во претседателскиот декрет.
– Гласот на црквата повторно доби големо значење во Русија, а во многу нешта е резултат на активностите на патријархот Кирил. Несомнено, црквата поминала низ различни времиња, но денес нејзиниот глас повторно доби огромно значење. Тоа е глас на кој се слуша и му се верува. Тоа на многу начини е резултат на вашиот личен труд и неуморна работа – рече рускиот претседател Владимир Путин.