НА ПАТОТ ОХРИД КИЧЕВО ОЧЕКУВАЈТЕ ЗАСТОЈ Пожарникарите синоќа гасеа запален автобус

Се препорачува внимателно возење, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, како на делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

464

Сообраќајот на патот Охрид – Кичево, кај Извор, од синоќа се одвива по една лента, наизменично, информираат од АМСМ.

Регионалниот Центар за управување со кризи – Охрид известува дека сообраќајот пред тоа беше во прекин заради тоа што пожарникарите од ТППЕ Кичево интервенираа со две екипи за гасење запален автобус. РЦУК Охрид известува дека нема повредени лица, односно автобусот бил без патници.






Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози.

Според АМСМ интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

СЕ ЗАПАЛИ АВТОБУС НА ПАТОТ ОХРИД-КИЧЕВО Возачот навреме го забележал пламенот, нема повредени

 

Поврзани содржини