НА ПАТОТ КОН ПАЛАНКА Кумановец со возило усмрти жена

432

Патничко моторно возило „фолксваген пасат“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од Б.Ѓ. (33) од Куманово, вчера попладне на магистралниот пат за Крива Паланка удрило во Р.П. (64) од село Луке, Крива Паланка.

По несреќата жената била пренесена во Општата болница во Куманово за укажување на лекарска помош каде околу 19.20 часот лекар констатирал смрт.






Несреќата се случила во близина на населбата Карпош, а била пријавена во 18:30 часот.

МВР соопшти дека е извршен увид од јавен обвинител и од увидна екипа на СВР Куманово.

Поврзани содржини