НА ПАТ КОН СКОПСКИТЕ КЛИНИКИ Починало бебе од Прилеп во возило на Итна помош
Бебето во болницата во Прилеп во тешка здравствена состојба го однела мајката Ф. Ј. (34), по што било транспортирано за Скопје.
Бебе починало додека било транспортирано со возило на Итната медицинска помош од Прилеп кон Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ во Скопје, информацира СВР Битола.
Случајот во полиција бил пријавен вчера.
Осуммесечното бебе во болницата во Прилеп во тешка здравствена состојба го однела мајката Ф. Ј. (34), по што било транспортирано за Скопје.
Телото на починатото бебе е предадено на обдукција.