„На пат кон Скопје“ – Шилегов го најави пристигнувањето на новите автобуси

Според договорот кој беше потпишан лани во септември, ќе бидат набавени вкупно 33 нископодни автобуси, 21 единечен со капацитет за 81 патник и 12 зглобни за 149 патници.

1,245

Градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов на својот „Фејсбук“ профил објави фотографија при што најави дека пристигнуваат новите автобуси на Јавното сообраќајно претпријатие.

– На пат кон Скопје – напиша Шилегов за првите автобуси на гас за ЈСП „Скопје“ од германскиот производител „МАН“. Испораката на еколошките автобуси ќе оди фазно.  Според договорот кој беше потпишан лани во септември, ќе бидат набавени вкупно 33 нископодни автобуси, 21 единечен со капацитет за 81 патник и 12 зглобни за 149 патници.






Сепак, пандемијата од ковид-19 ја промени планираната динамика на испорака, затоа што овие возила требаше да пристигнат некаде во средината на март.

Во сите автобуси ќе има дополнителна опрема, како вградени полначи за телефони. Со новите еколошки автобуси годишно ќе се заштедат 25.000 евра за гориво во споредба со другите и воопшто нема да загадуваат, бидејќи емитуваат незначителна концентрација на ПМ честички.

Поврзани содржини