Американската актерка и „Плејбој“ зајачица Памела Андерсон покрена лавина коментари кога со објавата на Инстаграм покажа како се штити од коронавирусот.
Згодната русокоса, покрај заштитната маска очигледно користи и визир, меѓутоа, детаљот кој го привлекол целото внимание биле високите потпетици кои ги искомбинирала со комбинезонот.
Памела, пренесуваат странските медиуми, тргнала вака облечена на лет со авион, па целата заштитна опрема брзо „паднала во вода“. Чевлите биле тие кои доспеале во прв план.
Долгата руса коса ја извиткала во кадрици, а за тоа исто така се зборувало меѓу фановите. Очигледно, и после толку години, Памела успева да остане секс-симбол.
FOTO: Instagram