НА ОВИЕ 5 МЕСТА МОЖЕ ДА ИЗБИЕ ВОЈНА ВО 2024 ГОДИНА Буриња со барут има на повеќе локации на планетата
Откако 80 отсто од Ерменците во спорниот регион Нагорно-Карабах се отселија по еднодневниот напад од Азербејџан, Баку планира да го анектира регионот во своите граници. Истовремено, Баку најави економски бум во расселениот регион.
Пет жаришта можат да станат потенцијални нови војни во претстојната 2024 година, пишува Јутарни лист. На списокот се дадени локации кои веќе имаат турбуленции и кои важат за „буриња со барут“. Додека во Европа коридорот Сувалки на четиримеѓето на Полска, Белорусија, Литванија и Калининград претставува кревка точка поради нуклеарното оружје кое веќе Русите го распоредија во Белорусија, во Азија се заоструваат односите меѓу двете Кореи додека предупредувачки ракети се истрелуваат во морето…
Дали на овие места работите стануваат полоши или сепак, подобри?
Тесно е во Тајванскиот теснец
Сé почестите патроли на Народната армија на Кина, но и американските воени бродови и воени носачи на авиони кои често знаат да завлезат во спорните води на Јужното и Источно Кинеско Море можат да дојдат до опасен конфликт. Евентуалната војна, освен САД и Кина може да ги вклучи Јапонија, Индонезија, Малезија, Филипините и Виетнам.
Регионот Есекиба, неостварената желба на Мадуро
Спорниот регион во Гвајана којшто е голем колку половина од земјата, а кој Венецуела го смета за своја провинција пред извесно време направи војските на Венецуела, Гвајана и Бразил да се стават на готовс. Тензијата започна со референдумот кој го распиша венецуелскиот претседател Мадуро за можна анексија на регионот полн со нафта. Референдумот беше неуспешен поради малата излезност.
Венецуела и Гвајана потоа се обврзаа дека ќе се воздржат од употреба на воена сила и дека дипломатски ќе го решаваат спорот. Гвајана смета дека Меѓународниот суд на правдата треба да интервенира, додека Венецуела не го признава МКС и сегашните меѓународни граници.
Мадуро важи за антиамерикански претседател на Венецуела кој дојде на власт кога земјата беше девастирана од социјалните мерки кои доведоа до енормен раст на цените, иако самата земја е богата со нафта.
Ќе биде ли анектиран Нагорно-Карабах?
Откако 80 отсто од Ерменците во спорниот регион Нагорно-Карабах се отселија по еднодневниот напад од Азербејџан, Баку планира да го анектира регионот во своите граници. Истовремено, Баку најави економски бум во расселениот регион.
Судан во ќорсокак
По цели шест месеци битка, суданските завојувани фракции дојдоа во ќор-сокак. Во конфликтот досега се убиени повеќе од 10.000 луѓе, а околу 5,6 милиони се раселени, од кои речиси 80 отсто се во соседните Чад, Етиопија и Јужен Судан. Обединетите Нации молеа за пратки помош поради наглото влошување на хуманитарните услови, што вклучуваше и ширење на колера.
Конфликт уште трае во Конго, 2 милиони граѓани се раселени
Три етнички групи во Конго во октомври оваа година организираа офанзива да ја соборат хунтата која владее со земјата од февруари 2021 година. Според последните податоци на ОН, во тој конфликт се раселени околу 2 милиони цивили. Внатрешно раселени пак биле околу 6,9 милиони луѓе.
Додека конлфиктот уште се шири, портпаролот на хунтата вели дека оружје било испорачувано од Тајланд.