НА ОВАА ПАРТИЈА Ѝ ТРЕБААТ ДОБРИ АДВОКАТИ Таравари изјави дека ДУИ ги „честеше“ своите луѓе со функцијата економски директор

Од ДУИ имаа реакција каде плачеа зошто е тргната функцијата економски директор во Министерството за здравство. Сосема непотребна позиција со која ДУИ ги 'честеше' своите луѓе. Значи ДУИ ѝ замери на Владата што штеди пари на граѓаните и ги раскинува коруптивните врски изградени од ДУИ, вели министерот за здравство, Арбен Таравари.

1,198

„Од ДУИ имаа реакција каде плачеа зошто е тргната функцијата економски директор во Министерството за здравство. Сосема непотребна позиција со која ДУИ ги ‘честеше’ своите луѓе. Значи ДУИ ѝ замери на Владата што штеди пари на граѓаните и ги раскинува коруптивните врски изградени од ДУИ“.

Ова го изјави министерот за здравство, Арбен Таравари.






– На оваа партија ѝ требаат две работи: добар тим од адвокати да се брани од обвиненијата што ѝ се подготвуваат; да сфати дека барем сега кога е во опозиција, мора да го смени нејзиниот коруптивен менталитет – додаде министерот.

 

Поврзани содржини