На Островот билансот на починати се искачи на 15.464 лица

Бројот на заразени се искачи на 114.217 лица, од кои во последното деноноќие се дијагностицирани 5.526.

263

Во последните 24 часа, 888 луѓе починаа од новиот коронавирус во Велика Британија, со што вкупниот број на смртни случаи во земјата достигна 15.464, соопшти Министерството за здравство.

Бројот на заразени се искачи на 114.217 лица, од кои во последното деноноќие се дијагностицирани 5.526.






Британските власти го соопштуваат само бројот на мртви во болниците, а не и на оние кои починале во домови за нега на стари и изнемоштени лица или во други институции.

Организацијата Кеар Ингланд (Care England) проценува дека илјадници луѓе умреле од новиот коронавирус во пензионерските домови во Велика Британија, далеку повеќе од официјалните бројки. Тие шпекулираат со бројка од 7.500 смртни случаи.

Поврзани содржини