НА ОПШТИНА ЦЕНТАР Ѝ ВИСИ ТУЖБА ОД 50 МИЛИОНИ ЕВРА Толку е проценета штетата на сопствениците на имотите кај „Треска“

Сопствениците веќе имаат подготвено документација за поднесување тужби за нанесена штета кон Општина Центар, кои единствено треба да се процесираат. Ова значи, дека ако дојде до суспензија на проектот, Општината ќе треба да сноси милионски товар за отштета, кој на крајот ќе удри врз џебот на граѓаните. 

724

Со развојот на настаните во врска со планираната градба на локалитетот на фабриката „Треска“, се отвора и прашање кој на крајот ќе ги носи последиците и врз чиј грб ќе падне отштетата доколку дојде до евентуална опструкција на градбата, откако вчера на прес-конференција организацијата „Шанса за Центар“ побара „запирање на инвеститорскиот урбанизам“.

Сопствениците на приватни парцели на оваа локација се децидни: нивното право на сопственост е уставно загарантирано и велат подготвени се да покренат и кривични пријави доколку тоа право им биде скратено. За потсетување, ДУП-от кај „Треска“ беше еден од ДУП-овите кои се најдоа под мораториум од Општина Центар, меѓутоа истиот тој мораториум Уставниот суд го прогласи за неуставен, со што се отвори можност за градежни активности на територијата на оваа општина.






Сепак, велат сопствениците на приватни имоти кај Треска, со досегашните опструкции веќе им е направена штета и согласно направеното вештачење, таа се проценува на околу 50 милиони евра. Велат дека аргументите се на нивна страна и прашуваат кој ќе им ја надомести штетата? Тие веќе имаат подготвено документација за поднесување тужби за нанесена штета кон Општина Центар, кои единствено треба да се процесираат. Ова значи, дека доколку дојде до суспензија на проектот, самата општина ќе треба да сноси милионски товар за отштета, кој на крајот ќе удри врз џебот на граѓаните.

– Имаме целосна правна можност за покренување соодветни постапки пред надлежните институции за овој предмет и тоа ќе го направиме доколку бидеме опструирани. Приватната сопственост е наше неприкосновено право, а веќе 4 години институциите си поигруваат со нас – велат групата сопственици на приватно земјиште на локацијата на „Треска“.

Од Општина Центар, пак, во својот вчерашен демант кон „Шанса за Центар“ потенцираа дека не може да трпат милионски штети на грбот на граѓаните. Впрочем, последниот Закон за урбанистичко планирање наведува дека штетата ја сноси тој што ја донесува одлуката за суспензија, односно Советот на Општина Центар, што значи дека Општината во ниеден случај не може да си дозволи ваков правен спор или трошоци во износ од 50 милиони евра кои се ризик целосно да ја блокираат нејзината работа.

Во следниот период, велат од Општина Центар, ќе се направи повторно обид за наоѓање решение на состојбата како да се заштити јавниот интерес, меѓутоа тоа мора да биде безболно и за општината со цел да не се трошат средствата на граѓаните.

Поврзани содржини
na