На одмор во Бугарија од денеска со негативен ПЦР тест, се отвора границата
Од денеска се отвора границата со Бугарија
Од денеска се отвора границата кон Бугарија, а граѓаните кои сакаат да патуваат во соседната земја ќе треба да покажат негативен тест ПЦР, направен во последните 72 часа.
Бугарското министерство за надворешни работи вчера соопшти дека покрај граѓаните на земјава границата ќе може да ја минуваат и граѓаните на Србија, Албанија, Косово, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Молдавија, Израел и Кувајт со негативен тест ПЦР, направен во последните 72 часа.
За граѓаните на Украина условот да достават негативен тест за ПЦР важи од 30 јули.
ПЦР тест не е потребен за лица кои пристигнуваат во Бугарија од земји членки на ЕУ, Велика Британија, земји од Шенген, како и од Алжир, Австралија, Канада, Јапонија, Мароко, Нов Зеланд, Руанда, Република Кореја, Тајланд, Тунис, Уругвај. Тие не подлежат и на 14-дневен карантин.