На облеката и на прстите на Навални е најдена хемикалија, ама не бил отруен, туку му паднал шеќерот
Ненадејната болест на жестокиот критичар на Кремљ, Алексеј Навални (44), најверојатно е резултат на метаболичко нарушување, изјави денеска Александар Мураковски, началник на клиниката во Омск во која е хоспитализиран рускиот опозионер и блогер, јавија американските медиуми.
Тој додаде дека на облеката и прстите на Навални биле пронајдени траги од индустриска хемикалија, пренесуваат британските медијми.
Во меѓувреме, со став излезе и руското Министерство за здравство.
– Ја добивме првата работна дијагноза. Станува збор за метаболичко нарушување на рамнотежата на јаглени хидрати што може да се јави поради ненадеен пад на нивото на шеќер во крвта – се наведува во соопштението на руското Министерство за здравство