Најново истражување: Две третини од Индијците имаат антитела на коронавирусот

Четвртото по ред национално серолошко тестирање, со кое се анализира присуството на антитела на коронавирусот во крвта, спроведено е во Индија и првпат се вклучени и деца и тоа 8.691 на возраст од 6 до 17 години. Половина од нив биле позитивни на антитела.

909

Две третини од населението на Индија имаат антитела на коронавирусот, покажале резултатите од истражувањето кое е спроведено во јуни и јули, а кое опфатило 29.000 луѓе од целата земја.

Четвртото по ред национално серолошко тестирање, со кое се анализира присуството на антитела на коронавирусот во крвта, спроведено е во Индија и првпат се вклучени и деца и тоа 8.691 на возраст од 6 до 17 години. Половина од нив биле позитивни на антитела.






Исто така, 67,6 отсто од возрасните биле позитивни на антитела против коронавирусот. Повеќе од 62 отсто од возрасните не се вакцинирани. Од почетокот на јули само нешто повеќе од 8 отсто возрасни во Индија примиле две дози на вакцина.

Околу 400 милиони жители на Индија, од вкупно 1,4 милијарди немале антитела на коронавирусот, покажало истражувањето.

Бројот на дневните случаи на зараза паднал на најниско ниво во четиримесечниот период, по вториот бран кој го парализираше здравствениот систем во таа земја. Експертите ја предупредиле власта да не ги отвора пребрзо градовите и изразиле загриженост поради големиот број туристи кои ги посетуваат познатите тамошни дестинации.

– Вториот бран сè уште трае. Опасноста од ново масовно ширење на заразата сè уште е присутна – изјави највисокиот владин советник, Винод Кумар Паул, на прес-конференција.

– Секое трето лице, без оглед на тоа каде се наоѓа сè уште е изложено, значи пандемијата ниту близу не е готова – предупредил Кумар Паул.

Во рамки на истражувањето тестирани се 7.252 здравствени работници и од нив 85 отсто имаат антитела на коронавирусот. На секои 10 здравствени работници само еден не е вакциниран.

Поврзани содржини