Најновата жртва на ковид-19 на островот Гуам е 10-годишно момче
Ако овие бројки не се променат, се плашам дека ќе стигнеме до точката кога нашите болници ќе бидат толку полни со пациенти со ковид- 9, што можеби нема да можеме да лекуваме други пациенти, а лекарите ќе треба да одлучат кого да лекуваат затоа што нема да има доволно ресурси - рече Гереро.
10-годишно момче е најновата жртва на ковид-19 на островот Гуам, каде здравствениот систем е преоптоварен поради епидемијата на коронавирус – пренесува Гардијан.
Момчето починало вчера во болницата на американската морнарица, десет дена откако се разболело. Тој е 26-та жртва од ковид-19 на овој остров кој се наоѓа во Тихиот океан а има 166. 000 жители.
Досега се пријавени 1.890 случаи на инфекција со коронавирус во Гуам, од кои 249 се во американската војска. Стапката на позитивни случаи на островот е 10 отсто, покажало тестирањето.
Гувернерот на Гуам, Лу Леон Гереро изрази сочувство до семејството и рече дека целиот остров тагува со нив.
– Загубата на дете е трагична, децата се невини – рече таа.
Во Гуам, околу 70 отсто од заразените се инфицирале во август и септември.
– Ако овие бројки не се променат, се плашам дека ќе стигнеме до точката кога нашите болници ќе бидат толку полни со пациенти со ковид- 9, што можеби нема да можеме да лекуваме други пациенти, а лекарите ќе треба да одлучат кого да лекуваат затоа што нема да има доволно ресурси – рече Гереро.
Во март, носачот на авиони УСС Теодор Рузвелт пристигна во Гуам, којшто има статус на територија на САД, каде што се случи масовна епидемија. 1156 лица заразени на бродот не биле сметани во бројот заразени на островот. Но, епидемиолозите откриле дека скоро 250 случаи на инфекција од островот се поврзани со војниците од носачот.
На останатите пацифички острови, на Француска Полинезија се забележани 67 нови случаи во последните 24 часа, со што бројот се искачи на 1020. Во Папуа Нова Гвинеја, бројот на заразени надмина 500.