НАЈНОВА СТУДИЈА Каков имунитет имаат сега тие кои беа заразени со кинескиот коронавирус
Тоа што овој труд ни го покажа е дека моментните воочувања за вакцините покажуваат дека тие нудат многу поширока заштита од ковид-19 и неговите варијанти во однос на природниот имунолошки одговор на телото после инфекција, кој обично е само заштита од варијантата на вирусот со кој некое лице било заразено. Според тоа не би требало да се потпираме на природниот имунолошки одговор на телото за да ја контролираме пандемијата, туку на широко достапните вакцини – предупредува професорот Турвилие.
Австралиски научници, кои истражуваат како нашиот имунолошки систем реагира на инфекцијата со ковид-19, откриле дека луѓето заразени со првичниот коронавирус од Кина во 2020 година, произвеле постојани антитела, но тие антитела не се толку ефикасни против новите мутации на вирусот, пишува на сајтот еKlinika.
Најобемна студија на имунолошкиот одговор на светот
Ова истражување е една од најобемните студии за имунолошкиот одговор на инфекцијата со ковид-19 на светот. Укажува дека вакцинацијата е поефикасна од природниот имунолошки одговор на телото по инфекција и покажува потреба за откривање и формулирање на новите ковид-19 вакцини за да се оди во чекор со новите соеви на.
Антителата ја намалиле ефикасноста против новите соеви
Студијата е објавена вчера во и изведена е во соработка на бројни здравствени институции во Австралија, како и со меѓународни соработници. Научниот тим го анализирал серумот на 233 лица на кои им е дијагностициран ковид-19 во текот на седум месеци и открил дека нивото на имунитет со текот на времето зависи од тежината на болеста и варијантите на вирусот. Резултатите од студијата покажуваат дека антителата, кои се развиле во текот на првиот бран, ја намалиле ефикасноста против шесте нови соеви на коронавирусот, во опсег од тие кои се забележани во вториот бран во Австралија, па се до трите загрижувачки варијанти кои ја придвижија глобалната пандемија во Велика Британија, Бразил и во Јужна Африка.
Како се проучува имунолошкиот одговор
Интересен бил серумот на лицата заразени со инфекцијата на ковид-19, бидејќи тој е дел од нашата крв кој содржи клучни информации за нашиот имунолошки систем. Анализата на серумот овозможила создавање на детална хронолошка рамка за нивото на неутрализирачките антитела произведени против инфекцијата на ковид-19 и така се утврдува дали постои долготраен имунитет.
Неутрализирачките антитела се дел од арсеналот на првиот имунолошки систем кој се придвижува при инфекција и вакцинација. Нивна работа е да ги заштитат клетките кои обично се мета на патогенот од зараза. Нивото на неутрализирачкиот одговор на антителата може да биде пресудна карактеристика за ефикасноста на нашето тело во борбата против болеста. Интересно е дека ретка групата на тие кои „супер одреагирале“ е идентификувана како исклучок.
Оваа група на „суперреагирачи“ имала стабилно и силно ниво на антитела на сите варијанти на вирусот. Научниците велат дека таа група би можела да се покаже како корисна за истражување на потенцијалот на реконвалесцентна плазма 9 користејќи ја крвта на луѓето кои оздравеле за лекување на други) која досега се покажа како неефикасна против тешките форми на ковид. Научниците истакнуваат дека би можело внимателно да се следат клучните донатори и да се клонираат нивните антитела за идна тераписка употреба.
Заразени со истиот сој од кои се направени вакцините
Профсорката Фабиен Брилот од и нејзиниот истражувачки тим ја предводеле анализата на гранка на студијата, користејќи високочувствителни алатки кои се развиени за детално проучување на антителата.
– Од луѓето кои се заразени во првиот бран во Австралија, можеме многу да научиме бидејќи се заразени со ист сој на кој се засновани нашите сегашни вакцини. Иако одобрените вакцини покажуваат добар одговор, нашата студија ја потенцира важноста од континуиран развој на вакцини, особено земајќи ја предвид разликата во соевите на вирусот – објаснува професорката Брилот.
Не треба да се потпираме на природниот имунолошки одговор на телото
Нејзиниот колега, професорот Стуарт Турвилие од Кирби институтот вели дека студијата е направена за да се истражи нивото, ширината и долготрајноста на имунитетот создаден од инфекцијата со ковид-19 и дали мутацијата на вирусот го загрозува имунитетот.
– Тоа што овој труд ни го покажа е дека моментните воочувања за вакцините покажуваат дека тие нудат многу поширока заштита од ковид-19 и неговите варијанти во однос на природниот имунолошки одговор на телото после инфекција, кој обично е само заштита од варијантата на вирусот со кој некое лице било заразено. Според тоа не би требало да се потпираме на природниот имунолошки одговор на телото за да ја контролираме пандемијата, туку на широко достапните вакцини – предупредува професорот Турвилие.
Клучни наоди од студијата
Научниците во тек на оваа обемна студија за реакцијата на имунолошкиот одговор на инфекцијата со ковид-19, заклучиле дека:
Одговорите на антителата се одржуваат до седум месеци по инфекцијата.
Имунолошкиот одговор останал стабилен кај некои лица, додека кај други се намалил, а ниту едно лице не покажало негативен одговор во текот на седум месеци.
Нивото на антитела кои го неутрализираат вирусот бил поврзан со тежината на ковидот.
Антителата создадени во раната инфекција покажале значително намалена сила на врзување и неутрализација на антителата за вирусните варијанти кои се појавуваат во светот.
Метод на утврдување на имунолошкиот одговор
Студијата анализирала 233 лица, на кои им е дијагностициран ковид-19, од февруари до октомври 2020 година. Во студијата има две групи – пациенти од болниците во Сиднеј, регрутирани во текот на првиот и вториот бран на инфекцијата во Австралија и национална група даватели на плазма.
Испитани се 10 соеви на вирусот и „загрижувачките варијанти“:
Првиот познат класифициран сој (Вухан
Алфа (B. 1.1.7, Велика Британија)
Бета (B. 1.351, Јужна Африка)
Гама (P1, бразилски)
Зета (P2, бразилски)
Користени тестови
Истражувачите користеле сеопфатна низа на тестови со кои мереле:
Долготрајноста и видот на одговор на антителата на S протеинот од различните варијанти во текот на времето во серумот на лицата со дијагноза ковид-19.
Неутрализацијата на заразниот SARS-CoV-2 во текот на времето, заразувањето на клеточните линии кои на својата површина имале ACE2 (на кои SARS-CoV-2 се врзува и цел на клетката да ја почне инфекцијата) со честичка дизајнирана да ја имитира верзијата на SARS – честичките на вирусот CoV-2.
Проучувањето на многу глобални вирусни варијанти овозможено е со клучна соработка помеѓу NSW Health Pathology и Кирби институтите. Нивниот тим конструирал клетки за брзо откривање на вирусот од брисовите кои се собрани, и веднаш ги секвенционирал тимот на Prince of Wales на чело со професорот Вилијам Равлинсон.