Најнов доказ како коронавирусот се шири во воздух: Патник во автобус ги заразил дури и оние што седеле подалеку од два метра

1,031

Едно лице заразило скоро 25 други патници додека патувало со автобус во Кина, иако не биле сите близу до заразениот, според истражувањето кое нуди најнови докази дека коронавирусот се шири преку аеросоли, ситни честички во воздухот.

Здравствените власти на почетокот на пандемијата ја отфрлија можноста коронавирусот да се прошири со вообичаено дишење, но со откривањето на нови докази, тие се предомислија.






Една статија објавена во вторникот во списанието JAMA Internal Medicine ја опишува инфекцијата меѓу патниците кои патувале 50 минути со автобус до будистички настан во Нингбо во јануари годинава, пред маските да станат рутинско средство за борба против вирусот.

Научниците веруваат дека патникот, најверојатно бил нулта пациент затоа што бил во близок контакт со луѓето во Вухан, изворот на инфекцијата од крајот на минатата година.

Експертите можеле да анализираат каде седат другите патници и да ги тестираат. Се покажало дека 23 од 68 патници биле заразени во истиот автобус.

Важно е да се напомене дека заразените патници седеле и во предниот и во задниот дел на автобусот,  надвор од двометарскиот круг на растојание што се смета за граница за ширење на вирусот по капличен пат.

Покрај тоа, нултиот пациентот не покажал симптоми на болеста, како кашлица, за време на патувањето.

Научниците забележаа дека уредот за ладење во автобусот циркулира ист воздух, што веројатно придонело за ширење на вирусот.

„Истражувањето покажува дека САРС-КоВ-2 е многу заразен патоген во затворени простории во кои има рециркулација на воздухот“, се вели во истражувањето.

Нивната студија, која вклучува дијаграм каде седел секој заразен патник, е нов доказ за ширење на вирусот преку аеросоли, како што е истражување за „патувањето“ на вирусот помеѓу масите на рестораните во јужниот кинески град Гуангжу.

Поврзани содржини