Најниски цени за тестирање во НИКОБ ЛАБ од денеска на аеродромите и на границите

НИКОБ ЛАБ е најбрзорастечката сертифицирана лабораторија во нашата држава која поседува највисока технологија за детектирање на сите познати соеви на COVID-19 во светот, како и на делта сојот или т.н. индиска мутација.

642

НИКОБ ЛАБ од денеска ќе почне да прави брзи и ПЦР тестови на пунктови во Табановце, Богородица, Дојран, Кисела Вода и на аеродромите ТАВ Скопје и ТАВ Охрид.

Водени од идејата дека на граѓаните им е потребна поддршка повеќе од било кога, НИКОБ ЛАБ ја промовира единствената и најраспостранетата дијагностичка мрежа во Македонија за тестирање за присуство на COVID-19 преку методата PCR и брзи антигенски тестови, а сега достапни на неколку стратешки локации и истовремено со најниски цени во земјата.

НИКОБ ЛАБ е најбрзорастечката сертифицирана лабораторија во нашата држава која поседува највисока технологија за детектирање на сите познати соеви на COVID-19 во светот, како и на делта сојот или т.н. индиска мутација.

Во прилог е табелата на локациите на пунктовите и соодветните цени:

Табела за цените на пунктовите на ТАВ аеродромите и работното време:

Цените се фиксни и на нив нема дополнителен попуст (вклучително за туристички агенции, синдикати и вработени во фирмите со коишто НИКОБ има соработка). Заради сигурност на патниците, поголемата флексибилност на времето на важноста на PCR тестот, како и намалување на времето на чекање при тестирањето, Лабораторијата препорачува PCR тестирање. Задолжително е закажување за тестирање преку web порталот на НИКОБ ЛАБ https://booking.nikoblab.his.mk/ или на телефонскиот број 02/274-1000.

Тестирањето може да се изврши пред патувањето (на самиот ден на патувањето) на еден од пунктовите во Табановце, Богородица или во Дојран, на аеродромите во Скопје и во Охрид, на централниот пункт на НИКОБ ЛАБ на бул. Борис Трајковски бр.62 во Скопје.






Резултатите ги добивате на вашиот e-mail на англиски јазик со QR код и истите важат на граница во електронска форма и нема потреба да се печатат, но доколку инсистирате можете да ги подигнете и во печатена верзија на било кој од пунктовите.

НИКОБ ЛАБ како општествено одговорна компанија вложува огромни средства и напори да им излезе во пресрет на сите граѓани на кои во текот на годишните одмори ќе им бидат потребни PCR и брзи антигенски тестови за патување во странство.

Поврзани содржини