📷 📽️ НА НИКОЛ КИДМАН Ѝ ПАДНА ПЕРИКАТА НА ЦРВЕНИОТ ТЕПИХ ВО КАН Дали е можно претходно да не сме ја виделе нејзината вистинска коса?
Холивудската дива Никол Кидман блесна на гала вечерта на доделувањето на наградите „Керинг жени во движење“ и на претседателската вечер на Филмскиот фестивал во Кан.
Холивудската дива Никол Кидман блесна на гала вечерта на доделувањето на наградите „Керинг жени во движење“ и на претседателската вечер на Филмскиот фестивал во Кан. Сепак, нејзиниот гламурозен изглед беше засенет од еден неочекуван детаљ – неуспешна перика која откри повеќе отколку што требаше.
Никол зачекорила на црвениот тепих во елегантен црвен фустан, во кој ја истакнала својата витка фигура и беспрекорно мазно лице. Меѓутоа, додека позирала пред камерите, видливата мрежеста капа под фризурата било она што го привлекло вниманието на присутните.
View this post on Instagram
А, зошто Кидман носела перика, не е баш јасно.
Ова не бил единствениот моден гаф тој ден – претходно во текот на фестивалот, Никол се појавила во црна кожена јакна и фармерки, но многумина забележале дека вметната коса стои неприродно, а разликата помеѓу периката и природната линија на темето била јасно видлива.
View this post on Instagram
Иако овој пат периката доживеала фијаско, ова не е првпат актерката да користи екстензии за коса. Во текот на нејзината кариера, Никол носеше перики во речиси сите филмски улоги, па тие станаа дел од нејзиниот актерски идентитет. Познатиот австралиски фризер Ендру Њупорт неодамна го коментираше и нејзиниот смел изглед со Мет Гејл, велејќи дека тоа е вешто скриена комбинација од природна коса и екстензии.
View this post on Instagram
Затоа многу луѓе се прашувале дали е можно досега да немавме можност да ја видиме нејзината природна коса.