НА НАСИПОТ ВО ЃОРЧЕ ПЕТРОВ МУ ТРЕБА ЉУБОВ Стојкоски ќе сади дрвја и ќе поставува клупи за седење
Од обете страни на патеката ќе подигнеме и нови дрвореди, а со тоа ќе придонесеме за да ја подигнеме нашата свест за зачувување на животната средина, како и сите заедно да се погрижиме овој простор да стане поубав, рече Александар Стојкоски, кандидат за градоначалник на Општина Ѓорче Петров.
Пешачката патека на насипот во Ѓорче Петров е место на кое што многу жители го поминуваат своето слободно време, дали со пријателите, дали со своето семејство, дали со своите со домашни миленичиња. Но, за жал, премногу е очигледно дека на овој простор му треба многу љубов, многу повеќе грижа и му треба многу повеќе работа, рече Александар Стојкоски, кандидат за градоначалник на Општина Ѓорче Петров од редовите на ВМРО-ДПМНЕ.
– Се обврзуваме дека во наредниот период ќе поставиме многу повеќе канти за отпадоци, ќе поставиме многу повеќе клупи на кои што ќе може да одмараат посетителите на ова место, како и ќе поставиме нови содржини во делот на спорт и рекреација. Од обете страни на патеката ќе подигнеме и нови дрвореди, а со тоа ќе придонесеме за да ја подигнеме нашата свест за зачувување на животната средина, како и сите заедно да се погрижиме овој простор да стане поубав – рече Стојкоски.