ПОСТОЈАТ НАЈМАЛКУ 6.000 ПЛАНЕТИ НАДВОР ОД СОНЧЕВИОТ СИСТЕМ Можеби не сме сами во Универзумот

ЕСекоја од досегашните 6.007 планети претставува свет споредлив со планетите на нашиот Сончев Систем, коишто научниците ги проучуваат со векови. Тој број вклучува 2.035 тела слични на Нептун или Уран. Тие обично имаат „атмосфери доминирани од водород и хелиум со јадра од карпи и потешки метали“, според НАСА.

36

Бројот на егзопланети откриени и потврдени од американската Национална воздухопловно-вселенска администрација (НАСА), достигна 6.000 далечни вселенски тела. Тој подвиг е постигнат по само три десетлетија истражување на светови надвор од нашиот Сончев Систем.

„Само пред три години, тој број беше 5.000. Барем по номинална вредност, стапката на откривање изгледа експоненцијална – што е добра работа, бидејќи теоретски треба да има уште милијарди светови што можат да се пронајдат. Влегуваме во следното големо поглавје од истражувањето, а тоа се светови надвор од нашата имагинација. Бараме планети што би можеле да содржат живот – наши космички соседи… Универзумот сè уште има светови што чекаат да бидат пронајдени“, се вели во соопштението на НАСА.






Егзопланета е планета којашто орбитира околу друга ѕвезда, различна од Сонцето, т.е. се наоѓа во друг планетарен систем. Со други зборови, тоа е планета надвор од нашиот Сончев Систем.

Веста беше објавена во среда, 17 септември, што речиси се совпаѓа со 30-годишнината од кога научниците ја потврдија првата егзопланета околу ѕвезда слична на Сонцето, имено – „51 Пегаси б“. Таа е откриена на 6 октомври 1995, благодарение на астрономите Мишел Мејор и Дидие Ќелоз, а се работи за гасовит џин со маса којашто е 64 отсто од онаа на Јупитер. Планетата се наоѓа на приближно 50 светлосни години од Земјата.

„Потврдените планети ги додаваат научници од целиот свет континуирано, така што ниедна планета не може да се смета за 6.000-ти запис. Постојат повеќе од 8.000 планети кандидати коишто чекаат потврда“, соопшти агенцијата.

Всушност, во мигот на оваа, се вели, технички, бројот е 6.007 егзопланети на листата на НАСА. Така, едно „ново откритие“ претставено од НАСА е „КМТ-2023-БЛГ-1896-Лб“ – планета слична на Нептун, со маса 16,35 пати поголема од масата на Земјата.

НАСА е одговорна за поголемиот дел од откриените егзопланети, а нејзиниот „Транзитен сателит за истражување егзопланети (Transit Exoplanet Survey Satellite) – „ТЕСС“ откри 693 тела. Сега веќе „пензионираниот“ вселенски телескоп „Кеплер“ има пронајдено повеќе од 2.600 егзопланети.

Секоја од досегашните 6.007 планети претставува свет споредлив со планетите на нашиот Сончев Систем, коишто научниците ги проучуваат со векови. Тој број вклучува 2.035 тела слични на Нептун или Уран. Тие обично имаат „атмосфери доминирани од водород и хелиум со јадра од карпи и потешки метали“, според НАСА. Сепак, вреди да се напомене дека „метали“ не мора да значат метални елементи. Тоа е малку збунувачко, бидејќи во астрономијата се однесува само на елементи потешки од водородот и хелиумот.

– Секој од различните видови планети што ги откриваме ни дава информации за условите под коишто можат да се создаде планета и, на крајот – колку се чести планетите слични на Земјата и каде треба да ги бараме? Ако сакаме да откриеме дали сме сами во универзумот, сето ова знаење е од суштинско значење – рече Дон Гелино, менаџер на Програмата за истражување на егзопланети на НАСА, со седиште во Лабораторијата за млазен погон во Јужна Калифорнија (САД).

Сепак, видеообјавата на агенцијата го споменува и егзистенцијалниот аспект на потрагата по егзопланети.

„Постои една што не сме ја пронашле – планета слична на нашата. Барем не засега“, се истакнува.

Во таа смисла, постојат 1.984 гасовити џинови и 1.761 супер-Земји. Инаку, овие супер-Земји се егзопланети што се малку поголеми од Земјата, но сепак помали од Нептун и Уран. Во ова множество егзопланети на НАСА се вклучени и 700 „копнени“ или карпести планети, како и седум „непознати“ типови.

Поврзани содржини