Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата (РСБСП), МВР, Мотоциклистичка федерација и Црвен крст – Скопје денеска организираа мотодефиле и симулациска вежба на сообраќајна незгода со повреден мотоциклист. Пораката од настанот беше дека носењето кациги е задолжително при возење мотоцикл.
Мото дефилето почна во 10.20 часот пред спортскиот центар „Борис Трајковски“ и заврши кај порта „Македонија“ во 11 часот.
Настанот се реализира како дел од „Летна кампања 2020“ и има за цел подигање на свеста за поголема безбедност на мотоциклистите во сообраќајот.
Фото: Курир