📽️ НАЈМОЌНИТЕ АМЕРИКАНСКИ ЛОВЦИ СЛЕТАА ВО ИЗРАЕЛ „Подобро Тел Авив да го нападне Техеран“
Најмоќните американски воени авиони Ф-22 се распоредени во Израел како дел од подготовките за можен удар врз Иран, додека советници на Трамп разгледуваат сценарио во кое Тел Авив би го започнал првиот напад за да ја отвори вратата за американска интервенција.
Вашингтон испрати Ф-22 Raptor во Израел, потег што „Волстрит Џурнал“ го оценува како пресвртница во воената соработка. Распоредувањето доаѓа во момент на зголемени тензии на САД со Иран и засилени дипломатски притисоци околу нуклеарната програма на Техеран.
Ф-22, најсовремениот ловец на американското воздухопловство, овозможува и одбрана и офанзива. Авионите можат да штитат од ракети и од дронови, но и да придружуваат бомбардери во ударни мисии.
„Прв ваков случај“
Ова е првпат американски F-22 да летаат од израелски бази, изјави Денис Рос, поранешен висок функционер во неколку администрации.
– Летањето авиони од израелски бази е првиот таков случај – рече Рос.
САД веќе распоредиле трупи за управување со системот THAAD во Израел, а во минатото држеле разурнувачи со балистичка противракетна одбрана во близина на израелскиот брег.
По Абрахамските договори од првиот мандат на Доналд Трамп, Израел премина под надлежност на на команда на вооружените сили на САД. Тоа ја продлабочи интеграцијата меѓу двете армии.
Најдобриот ловец во светот
Распоредувањето доаѓа откако Саудиска Арабија и Обединетите Арапски Емирати сигнализираа дека нема да дозволат користење на нивниот воздушен простор за напад врз Иран. Со израелски бази, Вашингтон добива нова логистичка опција.
Чарлс Коркоран, пензиониран генерал и поранешен пилот на Ф-22, оцени:
The United States has sent top-of-the-line fighters, F-22 Raptors, to Israel, marking the first time it has deployed combat aircraft to the country for a potential wartime mission as the two nations prepare to square off against Iran, according to the Wall Street Journal.
The… pic.twitter.com/wmhg2Xp2vd
— OSINTdefender (@sentdefender) February 26, 2026
– F-22 е најдобриот ловец во светот. Може да се користи за напади, придружба на бомбардери и одбрана од крстосувачки ракети и дронови.
Денес, израелските противракетни системи би помагале во заштита на американските авиони стационирани во земјата.
„Подобро Израел прв да го нападне Иран“
Според „Политико“, врвни советници на Трамп приватно разгледувале сценарио во кое Израел прв би извел удар врз Иран. Два извори наведуваат дека таков потег би можел да предизвика ирански одговор и да создаде поголема домашна поддршка во САД за американска воена акција.
Администрацијата на Трамп официјално не го потврди распоредувањето на Ф-22. Централната команда одби коментар. Сепак, снимки од пристигнувањето на авионите почнаа да кружат на социјалните мрежи.