Најмногу вакцини во ЕУ ќе стигнат во вториот квартал на 2021 година
Комисијата исто така најави дека платформата на ЕУ ќе започне да работи следната недела, при што земјите-членки известуваат двапати неделно за бројот на примени и употребени вакцини.
Европската комисија го извести Европскиот парламент дека најголемата испорака на вакцини против ковид-19 во ЕУ се очекува во текот на вториот квартал на 2021 година.
Комисијата исто така најави дека платформата на ЕУ ќе започне да работи следната недела, при што земјите-членки известуваат двапати неделно за бројот на примени и употребени вакцини.
За време на денешната дебата со главниот преговарач на ЕУ за набавка на вакцини, Сандра Галина, Комитетот на Европскиот парламент за животна средина и јавно здравје укажа на потребата од поголема транспарентност во однос на договорите за вакцини, како и процес на донесување одлуки на ниво на ЕУ.
Одговарајќи на прашањата на членовите на Парламентот во врска со наводите за национални или билатерални договори меѓу земјите-членки на ЕУ и фармацевтските компании и покрај обврската за снабдување со вакцини ширум ЕУ преку заеднички договори за кои преговара и потпишува ЕК, Галина одговори дека не е запозната со вакви договори.
Таа додаде дека преку Договорот за заедничка набавка ЕУ има приоритет во снабдувањето со вакцини, кои потоа ќе бидат дистрибуирани пропорционално на земјите-членки.