НАЈМНОГУ ПРИЈАВИ ЗА АГИТИРАЊЕ И ПОТКУП ВО СКОПЈЕ Фер и демократски втор круг со мали пропусти, рече Тошковски

Во текот на изборниот ден, според податоците на МВР, на целата територија биле пријавени 30 настани поврзани со изборниот процес, од кои најмногу во Скопје.

103

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска на прес-конференција соопшти дека вториот круг од локалните избори поминал во исклучително фер, мирна и демократска атмосфера, без сериозни инциденти и без нарушување на јавниот ред и мир.

– Изборниот процес се одвиваше без сериозни инциденти, без нарушување на јавниот ред и мир со што би се довел интегритетот на изборите – изјави министерот Тошковски.






Тој посочи дека сите гласачки места биле отворени навреме, освен девет каде имало кратко задоцнување. Во текот на денот, на дел од гласачките места биле евидентирани осум привремени прекини на гласањето поради технички проблеми со апаратите за идентификација, кои биле навремено решени.

Пријавени 30 настани, најмногу во Скопје

Во текот на изборниот ден, според податоците на МВР, на целата територија биле пријавени 30 настани поврзани со изборниот процес, од кои најмногу во Скопје.

– Најчестите пријави се за агитирање во близина на гласачките места – вкупно 7 случаи, потоа за можен поткуп имало 5 настани, 4 пријави за неовластено присуство на гласачките места. Забележани се случаи за попречување при гласање, фотографирање на гласачко ливче, неовластено фотографирање на граѓани, како и поединечни настани со упатени закани – изјави министерот.

По извршените проверки, во 19 од 26 пријавени случаи наводите не се потврдени, а дел од нив не барале понатамошно постапување. За останатите случаи биле подготвени записници и преземени соодветни мерки.

Следење и на социјалните мрежи

– Во моментов четири случаи се однесуваат на можен поткуп, неовластено фотографирање, агитирање и недолично однесување на членови на избирачки одбори. Паралелно, секторот за компјутерски криминал регистрирал 18 објави на социјалните мрежи поврзани со изборниот процес, кои се анализираат и се постапува по нив – додаде министерот.

Toj ја оцени изборната атмосфера како стабилна и без инциденти што би го загрозиле интегритетот на изборите.

Поврзани содржини