НАЈМНОГУ ПАРИ СОБИРА РОМАНОВЦЕ, НАЈМАЛКУ КАДРИФАКОВО За 9 месеци наплатени 58 милиони евра од патарините

Електронската наплата достигна 35 проценти, велат од Јавното претпријатие за државни патишта.

1,048

Од јануари до септември годинава, за 9 месеци, на патарините низ Македонија се наплатени се 58 милиони евра, соопшти Јавното претпријатие за државни патишта.

Во септември годинава прометот на наплатните станици изнесувал 401.971.971 денар (6,5 милиони евра). Во  летните месеци, кога е највисока фреквенцијата на возилата, се наплатени 494.308.025 денари во август (8 милиони евра), 469.811.647 денари во јули и 399.325.680 денари во јуни.






Најпрофитабилна е наплатната станица Романовце, а најниски се приходите на Кадрифаково.

Од ЈПДП велат дека електронската наплата достигнала 35 проценти. Во подготвителна фаза е најавениот проект за надополнување на МТаг и Мкард и се очекува во блиска иднина да почне малопродажбата на МТаг уредите преку правни лица низ целата држава.

Поврзани содржини