Најмногу Македонци чекаат на „Евзони“, но влез засега за оние со грчки пасош

Она што дефинитивно не треба да го игнорирате, ако одите кон Грција, е формуларот PLF кој може да се најде на веб-страницата Visit Greece.gr или на travel.gov.gr. Тоа е важeн формулар што секој турист мора да го пополни, без разлика дали патува со автобус или со автомобил.

821

Граничниот премин меѓу Македонија и Грција „Евзони“ е отворен за сообраќај од утрово, но засега во Грција можат да влезат само патници со грчки пасоши, јавува репортерот на српска „ТВ Прва“.

Како што се наведува, образложението на грчката полиција е дека таа сè уште не добила официјално одобрение за влез на други патници. Останува да се види дали ќе биде отворен преминот вечерва на полноќ, за кога е најавено отстапување на сите мерки во Грција, бидејќи отворањето на туристичката сезона е најавено од 15 мај.






Според репортерот на „ТВ Прва“, грчката полиција не можела да каже утрово кога може да пристигне тоа одобрување.

– Само оние кои имаат грчки пасош можат да го поминат преминот, повеќето возила во конвојот се од Македонија и Бугарија. Ја прашавме полицијата на границата зошто не ги пуштаат другите, а тие одговорија дека сѐ уште немаат одобрение од Атина за тоа. Штом ќе добијат ќе бидат пуштени и останатите – извести репортерот.

За потсетување, вчера премиерот Заев по средбата со грчкиот колега Мицотакис, објави на „Фејсбук“ дека од денеска се отвора граничниот премин „Евзони“ за сите државјани на Македонија, но за влез ќе биде потребно да се приложи негативен ПЦР-тест, писмен доказ за примени две дози вакцини против ковид-19 или позитивен резултат за антитела.

Она што дефинитивно не треба да го игнорирате, ако одите кон Грција, е формуларот PLF кој може да се најде на веб-страницата Visit Greece.gr или на travel.gov.gr. Тоа е важeн формулар што секој турист мора да го пополни, без разлика дали патува со автобус или со автомобил.

PLF образец за Грција – The Passenger Locator Form

– Линк за пополнување на PLF формуларот ќе најдете на овој линк : https://travel.gov.gr

– Секој возрасен турист пополнува посебен PLF образец

– PLF образецот се пополнува најмалку 24 часа пред да влезете во Грција.

– Го пополнуваат сите што сакаат да ја посетат и престојуваат во Грција без оглед на видот на превозот (автомобил, автобус, брод, авион) и државјанство.

– Формуларот има неколку страници и не е тешко да се пополни. Подгответе ги пасошите и сообраќајната дозвола.

– Внесете податоци како што се: транспортни средства на кои патувате, број на таблички, премин на кој ќе одите, место во кое патувате, последната земја во која сте престојувале, број на пасош, лични податоци (име, презиме, место, итн.) ..

– Не мора да ја внесувате улицата и бројот на одморалиштето каде што ќе престојувате во полето за адреса, доволно е да го внесете само името на одморалиштето.

– По пополнување на формуларот, ќе добиете QR код по е-пошта, што ќе го отпечатите или покажете од вашиот мобилен телефон при влез во Грција.

Поврзани содржини