НАЈМНОГУ ИЗГОРЕНИЦИ ИМААТ ПО ГЛАВАТА И ПО ЛИЦЕТО Степенот на изгореници кај згрижените во Градска е од 7 до 60 проценти

Двајца пациенти се на респиратор, уште двајца потенцијално можат да завршат на респиратор, а останатите се во стабилна здравствена состојба, информира директорот на „Св. Наум Охридски“, Небојша Настов.

690

Директорот на Универзитетската клиника по хируршки болести „Св. Наум Охридски“ од Скопје, Небојша Настов информира дека во оваа здравствена установа се хоспитализирани 29 лица од Кочани. Тој посочи дека лицата се на возраст од 17 до 45 години.

– Двајца пациенти се на респиратор, уште двајца потенцијално можат да завршат на респиратор, а останатите се во стабилна здравствена состојба – информира Настов.






Тој рече дека степенот на изгорениците се од 7 до 60 проценти. Најголем дел од изгорениците се во пределот на главата, вратот и на лицето.

Настов истакна дека доколку има потреба подготвени се да упатат пациенти во соседните држави кои се понудиле да помагаат.

Пациентите и семејствата на повредените пациенти го посети и претседателот на Собранието, Африм Гаши, кој изрази сочувство и побрзо оздравување. Се заблагодари на целиот медицински тим за брзата реакција.

Поврзани содржини