НАЈМНОГУ ДОЖД НАВРНА ВО ДЕМИР КАПИЈА Од утре температурите ќе растат

За денеска синоптичарите најавуваат облачно време со повремени локални врнежи од дожд, кои кон крајот на денот ќе престанат.

633

Најмногу дожд до 8 часот изутринава наврна во Демир Капија – девет литри на квадратен метар, а најмалку во Претор – еден литар на квадратен метар – покажуваат податоците од Управата за хидрометеоролошки работи.

За денеска синоптичарите најавуваат облачно време со повремени локални врнежи од дожд, кои кон крајот на денот ќе престанат. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец кој локално ќе достигнува брзина до 60 km/h.






Максималната температура денеска ќе се движи од 8 до 16 степени.

Во Скопје, времето ќе биде слично, со засилен северен ветер и максимална температура до 14 степени.

Од утре веќе се очекува стабилизација на времето со слаб до умерен северен ветер и пораст на дневните температури.

Поврзани содржини