Најмногу 30.000 денари од човек ќе може да се потрошат во викендот без ДДВ, што друго содржи четвртиот пакет?

На 150 регистрирани туристички водичи од октомври до декември ќе им биде исплатена бруто плата од 21.776 денари.

3,801

Триесет и една мерка понуди денеска Владата како дел од четвртиот пакет мерки за поддршка на граѓаните и на компаниите поради кризата предизвикана од пандемијата со ковид-19. Вкупната вредност на овој пакет изнесува 470 милиони евра, а заедно до сега со другите три пакети помошта надминува една милијарда евра, соопшти денеска на прес конференција премиерот Зоран Заев.

– Дел од парите се од кратење на расходната ставка на буџетот, а дел се кредити. Вкупната рефлексија врз буџетот е 160 милиони евра од откажување на расходи – рече Заев.






Ова се предвидените од мерки со четвртиот пакет:

– Поддршката за исплата на плати ќе важи и за октомври, ноември и декември. Таа ќе се одреди скалесто спроед падот на приходите на компаниите. Колку е поголем падот, толку ќе биде поголема поддршката. Најмалку 14.500 до 22.776 денари поддршка ќе има по вработен. Со ова ќе се поддржат 250.000 работни места со вкупно 70 милиони евра. Компаниите кои ќе аплицираат ќе мора да го задржат бројот на вработени заклучно со 31 јули 2020 година. Мерката важи и за тие што вршат самостојна дејност.

– Платежни картички во износ од 6.000 денари за 5.726 самохрани родители, 182.271 пензионер со помалку од 15.000 денари пензија, 85.108 невработени пасивни баратели, самостојни уметници, филмски работници, културни работници кои се вкупно 520 корисници. Ќе бидат опфатени и тие без никакви приходи. Картички за „Купувам домашно“ ќе добијат уште 540 студенти кои претходно не ги добиле. Поддршка за ученици во вкупен износ од 44 милиони денари за 884 студенти и 347 ученици. Со оваа мерка која ќе опфати над 280.000 граѓани вкупно ќе се издвојат 27,6 милиони евра.

– Зголемување на грејс периодот за уште 3 месеци од бескаматните кредити од мерката ковид 1.

– Нови 100.000 евра поволни кредити од Развојната банка на Македонија преку Европската инвестициона банка од јануари 2021 за подрршка на компаните со исклучително ниска камата.

– На 150 регистрирани туристички водичи од октомври до декември ќе им биде исплатена бруто плата од 21.776 денари.

– Поврат на турстичка такса за 4.740 субјекти кои организирале ноќевање. Ќе им бидат вратени 2 милиони евра.

– 500 туристички агенции ќе добијат 1,9 милиони грантови во висина од 3.000 до 7.000 евра во зависност од бројот на вработени, дали се со А или Б лиценца.

– Намалување и укинување на парафискалните давачки, како што се разни надоместоци, такси, дозволи, лиценци…

– Грантови за ресторани за свадби. Ќе има поддршка за сите ресторани со лиценци за свадби со вкупно 1 милион евра а грантовите ќе бидат во висина од 3.000 до 10.000 евра во зависност од остварениот промет во 2019 година.

– Продолжување на лиценците за работа на дискотеките и ноќните клубови. На 120 субјекти и 7.000 транспортери ќе им се продолжат лиценците за работа и во 2021 ќе има намедмост од 0 денари и едена година плус за транспортерите зависно кога им истекува лиценцата.

– За околу 100 игротеки ќе се дадат грантови во висина од 1.000 до 5.000 евра во зависност од остварениот промет во 2020 година. Вкупно за оваа мерка се предвидени 2,5 милиони евра.

– Ќе се намали ДДВ на услигите на занаетчиите од 18 на 5 проценти.

– Државно-кредитна гаранција преку која државата става на располагање 10 милиони евра за поддршка на компаниите за полесен пристап на евтини финансиски средства. Вкуно за оваа мерка се обезбедени  65 милиони евра за кредити.

– Државна царинска гаранција преку која че се обезбедува поголем извоз на компаниите и увоз на суровини. До 3 милиони евра ќе има за обезбедување на царинскиот долг. Вкупно за оваа мерка се предвидени 25 милиони евра.

– Дополнително одложување на отплата на кредитите на компаниите до крајот на годината.

– Се намалува за 50 % казнената камата за јавните давачки, одноно од 0,03 до 0,015 до крајот на годината.

– Одложување на плаќање на аконтативниот данок на добивка и до 2021 година за компании кои имаат пад на приходи погоелм од 40%.

– Ослободување од ДДВ за донации од јавен карактер во тек на 12 месеци.

– Намалување на ДДВ за ресторански услуги со повластена стапка од 10 отсто наместо 18 отсто од 01.01.2021.

– Одложено плаќање на ДДВ седум дена по поднесување да ДДВ пријавата и без камата.

-Бришење на условот за собирање поени за продолжување на лиценцата за сметководители. Меркат аќе опфати 9.360 сметководители во државата. За нив во 2020 година нема да важи условот од континуирано професионално усовршување како услов за продолжување на лиценците.

-Покривањето на загуби на товар на идните добивки ќе биде до пет години, наместо 3 како што беше до сега.

– Зголемување на прагот со кој субјектите биле дел од режимот на вкупен приход. Прагот ќе биде 5 милиони денари на годишно ниво, со оваа мерка ќе се ослободат 1.115.000 евра кои компаниите можат да ги пренамат за инвестиции.

– Признавање на трошокот за приватно здравствено осигурување.

– Признавање на расходите за тестирани од ковид-19.

– Намалување на увозни давачки за суровини и репроматеријали, природен гас…

– Поддршка за развој на човечки капитал, ослободување од данок на добивка и данок на личен доход за доквалификација и тим билдинг, обука, квалификации добивање лиценци и сл. Законски лимит една просечна плата на годишно ниво, мерката ќе важи од јануари 2021 година.

– Откуп на реколтата на грозјето од 2020 за што се предвидени 6,7 милиони евра и ќе се поддржат производители на винско гројзе кои го предале грозјето во винските визби и патни трошоци.

– Игрите на среќа се ослободуваат од две третини од надоместоците за автомат и рулет маси.

– Промена на пресметка на основата за финансирање на единиците за локална самоуправа, ќе биде земен предвид просекот од три години за на општините да не им падне приходот од ДДВ.

– Викенд без ДДВ ќе се одржи на 10, 11 и 12 октомври. Се очекува да го искористат 350.000 граѓани корисници а Заев се надева на 500.000 граѓани. Ќе може да се купуваат домашни производи, компјутери, во вредност од најмногу 30.000 денари од поединец. Граѓаните ќе го добијат назад целиот износ на ДДВ на свиоте сметки. За оваа мерка се предвидени 170 милиони евра до 250 милиони евра а се предвидува дека ќе се вратат 17 до 22, 5 милиони евра.

 

 

Поврзани содржини