Најмладиот починат пациент имал 34 години, во болница се и шест деца позитивни на ковид-19

Во болницата во Козле се хоспитализирани 16 возрасни пациенти позитивни на ковид-19, 6 деца позитивни на вирусот. 

1,354

Во последните 24 часа од ковид-19 починаа 8 лица, пет пациенти од Скопје, еден од Тетово, еден од Струга и еден пациент од Кичево.

На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби починаа двајца пациенти на возраст 70 и 93 години.






Во ГОБ „8 Септември“ починати се пет лица на возраст од 34, 45, 78 и 87 години, а кај 62 годишен пациент, вирусот е потврден постмортем. Во КБ Тетово почина пациент на 78 години.

Во ГОБ „8 Септември“ примени се 11 нови, вкупно хоспитализирани се 94 пациент. На респираторна машина се 3 пациенти.

Во болницата во Козле се хоспитализирани 16 возрасни пациенти позитивни на ковид-19, 6 деца позитивни на вирусот.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 35, а во болницата во Штип се хоспитализирани 52 пациент. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица и Струга се хоспитализирани 128 пациенти – позитивни и сомнителни на ковид-19

Поврзани содржини