НАЈМЛАДИОТ ПОЧИНАТ ОД КОРОНА ИМА 49 ГОДИНИ Регистрирани се 429 новозаразени и 572 оздравени
Досега во земјата се направени вкупно 2.144.544 тестирања на ковид-19. Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 338.549, бројот на оздравени пациенти е 326.217, на починати е 9.455, а бројот на активни случаи изнесува 2.877.
Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа направени се 1.284 тестови, а регистрирани се нови 429 случаи на ковид-19: Скопје – 171, Охрид – 28, Битола – 27, Куманово -19, Прилеп, Кавадарци, Велес и Гевгелија – по 17, Штип, Делчево и Берово – по 13, Тетово и Кочани – по 12, Радовиш – 7, Неготино – 6, Струмица, Кичево, Крива Паланка, Дебар и Демир Хисар – по 4, Гостивар, Струга, Валандово и Кратово – по 3, Ресен и Виница – по 2, Свети Николе, Македонски Брод, Македонска Каменица и Пехчево – по 1.
„Од вкупниот број на позитивни (429), регистрирани се 95 реинфекции. Регистрирани сe 572 оздравени пациенти од: Скопје – 169, Охрид – 125, Струга – 37, Битола -28, Куманово – 26, Кавадарци и Велес – по 21, Прилеп – 19, Дебар – 14, Радовиш – 12, Кочани – 11, Струмица – 10, Штип и Гостивар – по 9, Неготино и Свети Николе – по 8, Гевгелија, Тетово и Кичево – по 7, Берово – 5, Кратово – 3, Крива Паланка, Демир Хисар, Валандово, Виница, Пехчево и Богданци – по 2, Ресен, Македонски Брод, Пробиштип и Демир Капија – по 1. Во текот на изминатите 24 часа пријавено е едно починато лице од Скопје (70). Лицето е починато во болнички услови. Согласно, Регистарот на умрени лица со дијагноза ковид-19 од Мој Термин регистрирани се 4 починати лица, од Скопје (73), Битола (82), Струмица (82) и Охрид (49). Две лица се починати во болнички услови и две лица се починати во домашни услови. Починати се во период од 13.08. до 18.08.2022 година. Досега во земјата се направени вкупно 2.144.544 тестирања на ковид-19. Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 338.549, бројот на оздравени пациенти е 326.217, на починати е 9.455, а бројот на активни случаи изнесува 2.877“, се вели во соопштението.
Според епидемиолошки анализи во моментов, дистрибуцијата по градови е следна:
Дистрибуција по градови
Заболени (вкупно), Активни случаи (вкупно)