Најмладиот пациент заболен од ковид-19 во Кавадарци има 16 години

560

Четири нови случаи позитивни на коронавирус се регистрирани во Кавадарци, на возраст од 16 до 31 години. Станува збор за две лица од женски и две од машки пол, за МИА потврди доктор Ристе Јовановски, специјалист епидемиолог при кавадаречкиот Центар за јавно здравје.

Сите се со лесна клиничка слика и на домашно лекување. Двајца од нив имале контакт со заболени. Се работи на нивните контакти, со цел нивна изолација.

Поврзани содржини