НАЈМЛАДИОТ МАКЕДОНСКИ МИЛИОНЕР ИМА САМО 7 ГОДИНИ Меѓу тие што заработиле најмногу пари во 2020 година е и старец од 96 години
Највисоката бруто плата, пак, имал стружанец кој работи во индустријата со метали. Износот на платата е 105,2 милиони денари (околу1,7 милиони евра).
Скопјанка го има најголемиот бруто доход за 2020 година. Таа лани остварила доход од нешто над 453.1 милион денари (7,53 милиони евра) во текот на целата година, информира денеска директорката на УЈП, Сања Лукаревска.
Споредбените податоци со претходната година покажуваат дека таа оствареила двојно поголем дохор од највисокиот пријавен во 2019 година.
Највисоката бруто плата, пак, имал стружанец кој работи во индустријата со метали. Износот на платата е 105,2 милиони денари (околу 1,7 милиони евра).
Лукаревска соопшти дека доход над 1 милион денари во 2020 година имале 40.021 граѓани. Најмладиот милионер во земјава за лани има 7 години, додека најстариот е 96 години.
Најголемата добивка од обложување, лото, казино и учество во наградни игри, остварил жител на Тетово, кој имал освоил 40 милиони денари (близу 650.000 евра).