НАЈМЛАДАТА ЖРТВА Е 14-ГОДИШНО ДЕВОЈЧЕ Познат идентитетот на 24 загинати во Кран-Монтана

Пожарот бил предизвикан од прскалки на шишиња шампањ; истрагата за почитување на безбедносните прописи е во тек, а против менаџерите е отворена истрага за небрежност.

597

Швајцарските власти досега успеаа да идентификуваат 24 од 40-те жртви од катастрофалниот пожар во барот за време на новогодишната ноќ во алпскиот центар Кран-Монтана. Меѓу идентификуваните е и најмладата жртва, 14-годишно девојче од Швајцарија, соопшти денеска полицијата.

Полицијата истакнува дека многу од загинатите се малолетници, вклучувајќи Швајцарци и Италијанци, како и еден италијанско-емиратски државјанин. Во групата идентификувани се и 18-годишен Романец, 18-годишен Турчин и 39-годишен Французин.






Во меѓувреме, бројот на повредени достигна 119 лица. Меѓу нив се повеќе од 70 Швајцарци, како и Французи, Италијанци, Срби и мал број на други националности. Многу од повредените имаат тешки изгореници и се лекуваат во специјализирани медицински установи, а идентификацијата на дел од нив сè уште е во тек.

Прелиминарната истрага покажува дека пожарот бил предизвикан од прскалки поставени на шишиња со шампањ, кои ја запалиле пена на таванот на барот. Огнот се проширил со голема брзина, што предизвикало катастрофални последици.

Швајцарските инспектори ја проверуваат и усогласеноста со прописите за заштита од пожари, а против двајцата француски менаџери на барот е отворена истрага за сомневање за убиство од небрежност и други прекршоци.

Поврзани содржини