НА МИНИСТЕРКАТА НЕ Ѝ СЕ БРЗА Азири ќе лета од работа ако се утврди кривично дело

Не оправдувам насилство и додека сум министерка секаде каде што можам ќе го спречам. Не го оправдувам ниту вашето насилство кон моите колешки вчера. За прашањето за државниот секретар, Вие поднесовте пријава и доколку извештајот на надлежните органи кои треба да постапат по Вашата пријава се утврди кривично дело, според истото ќе биде донесено соодветно решение, му одговори министерката на Антонијо Милошоски.

633

Министерката за култура Бисера Костадиновска Стојчевска ќе чека евентуално утврдување на кривична одговорност за државниот секретар во министерството за култура Валмир Азири, па потоа , како што вели ќе следува соодветно решение. Во пратеничко прашање од пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ , Антонијо Милошоски дали министерката ќе бара разрешување на владиниот функционер Азири, поради говор на омраза и повици за насилство, Костадиновска-Стојчевска посочи дека не оправдува никакви облици на насилство.

– Не оправдувам насилство и додека сум министерка секаде каде што можам ќе го спречам. Не го оправдувам ниту вашето насилство кон моите колешки вчера. За прашањето за државниот секретар, Вие поднесовте пријава и доколку извештајот на надлежните органи кои треба да постапат по Вашата пријава се утврди кривично дело, според истото ќе биде донесено соодветно решение – одговори министерката.






Милошоски рече дека не е задоволен од одговорот и порача дека министерката со тоа што не бара разрешување на Азири наместо да превенира говор на омраза, станува пасивен поттикнувач.

Вчера Милошоски поднесе кривична пријава против Азири, а пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ испрати писмо до премиерот Ковачевски со барање за разрешување од функцијата во министерството за култура.

Поврзани содржини