НА МИЛИОНИ ВЕРНИЦИ ИМ Е ОНЕВОЗМОЖЕНО ПРАВОТО НА ВЕРСКА ПРИПАДНОСТ Синодот на МПЦ-ОА изрази поддршка на Украинската православна црква

Синодот посвети особена грижа за состојбата со сестринската Украинска православна црква, која беше административно укината од украинскиот парламент и се молиме семилостивиот Господ да им даде сила да истраат и да ги надминат овие искушенија, се вели во соопштението

548

Светиот архијерејски синод (САС) на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија (МПЦ – ОА) денеска на редовната седница изрази поддршка до Украинската православна црква, која беше укината од украинската власт.

„Синодот посвети особена грижа за состојбата со сестринската Украинска православна црква, која беше административно укината од украинскиот парламент, со предлог-законот 8371, и со тоа на милиони верници, кои се црквуваат во таа Црква, им е оневозможено основното право на верска припадност, исповедање на својата вера и вршење на богослужби“, соопшти Синодот на МПЦ-ОА.






Светиот синод, се додава во соопштението, сведочејќи ја евангелската вистина, искажува молитвена поддршка на Претстојателот на Украинската православна црква, Неговото блаженство митрополит Киевски и на цела Украина г. Онуфриј, на браќата архијереи и на нејзиниот верен народ.

„Се молиме семилостивиот Господ да им даде сила да истраат и да ги надминат овие искушенија. Истовремено, Светиот синод се моли за единство на сите помесни православни цркви, кои го сочинуваат Телото Христово“, се вели во соопштението.

Поврзани содржини