На Милчо Манчевски му пукна филмот: Криви се Бугарите, и Грците, и Тито!

На фотографијата се забележува лице во инвалидска количка кое е приморано да се движи по коловозот поради паркираните автомобили на тротоарот, а фотографијата направена во центарот на Скопје.

7,284

Познатиот македонски режисер Милчо Манчевски сподели фотографија на својот Фејсбук профил која прикажува со каква реалност се соочуваат секојдневно лицата со инвалидитет поради несовесните луѓе кои ги паркираат своите возила на тротоарите.

На фотографијата се забележува лице во инвалидска количка кое е приморано да се движи по коловозот поради паркираните автомобили на тротоарот, а фотографијата направена во центарот на Скопје.






„Криви се Бугарите. И Грците. И Тито. И пусто турско. И ЕУ. И вакцините. И 5Г. И како тоа ти нè прикажуваш!“, напиша Манчевски покрај фотографијата која почна масовно се споделува на сите социјални мрежи.

Поврзани содржини