НА МИЦКОСКИ НЕ МУ Е ДО ЕДИНСТВО Од СДСМ обвинуваат за саботажа на преговорите со Бугарија
Ако Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ сакаат вистинска конструктивност, нека престанат да опструираат и да креираат хистерија околу разговорите со Бугарија, туку со ладна глава да се обидеме сите да ги надминеме пречките, порачаа од СДСМ.
Од владејачката СДСМ посочија дека од најголемата опозициска партија не се заинтересирани за успехот на преговорите со Бугарија, со цел да се симне ветото на Македонија за членство во ЕУ.
ОД ВМРО-ДПМНЕ одговорија со контра соопштение.
– Граѓаните на Македонија ги живеат најлошите години откако СДСМ е на власт. СДСМ откако дојде на власт остава пустош зад себе, со својата неспособност го урна здравствениот систем, во обид е да го партизира образованиот систем, а создаде економска и енергетска криза. Освен со хаос и криминал СДСМ нема со што друго да се пофали. Празните соопштенијата на СДСМ се доказ дека ги боли работата на градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ – соопштија од опозициската партија.