МЕГ РАЈАН ГО ДОБИ „ПОЧЕСНОТО СРЦЕ НА САРАЕВО“ „Вие сте доказ дека различноста е моќ, секој што трпи насилство може да се угледа на вас“
Холивудската ѕвезда Мег Рајан, во знак на признание за нејзиниот исклучителен придонес во филмската уметност, го доби признанието „Почесно срце на Сараево“ на 30. Сараевски филмски фестивал (СФФ). Наградата и беше врачена во летното кино Кока-Кола.
Холивудската ѕвезда Мег Рајан, во знак на признание за нејзиниот исклучителен придонес во филмската уметност, го доби признанието „Почесно срце на Сараево“ на 30. Сараевски филмски фестивал (СФФ). Наградата и беше врачена во летното кино Кока-Кола.
„Ви благодарам на вашите срца. Ви благодарам на вашиот пример. Тоа е Сараево. Тој има повеќе храброст од другите. Сега, секој, каде и да е, кој трпи секаков вид насилство или угнетување и се чувствува осамено, може да се угледа на ова место и на вас како пример. Вие сте доказ дека различноста е моќ и дека уметноста е што било за да се чувствувате помалку осамени и дека уметноста нè поврзува без никакви бариери. Нема разделување. Уметност, а не војна“, рекла Мег Рајан, пренесува „Аваз.ба“.
Инаку, таа вчера се претстави во програмата Мастерклас што ја модерира босанскиот режисер Данис Тановиќ.
„Мило ми е што сум овде, чест ми е што присуствувам, навистина ми е чест што сум овде со вас“, рекла актерката на почетокот на програмата.
Потоа раскажала како всушност почнала да глуми и како станала актерка.
„Јас всушност бев студент по новинарство и секако морав да ги платам трошоците во текот на факултетот и ете тогаш некако го започнав својот актерски живот. Јас сум всушност актерка без формално актерско образование и учев полека и попатно“, рекла Рајан, истакнувајќи дека глумата секогаш и постојано се учи.