НА МАТУРАНТКАТА ВЕДНАШ ДА Ѝ СЕ ОВОЗМОЖИ ДА ПОЛАГА Демократски Сојуз смета дека пропустот е на училиштето

Јасно е дека пропустот го направиле одговорните во СОУ „Свети Климент Охридски, тие треба да ја коригираат грешката и на ученичката да ѝ дозволат да полага веднаш, за да може да ги фати роковите за упис на некој од факултетите, велат од ДС.

362

Партијата Демократски Сојуз на Македонија реагира на случајот со матурантката од Охрид и вели дека училиштето треба веднаш да ѝдозволи да го полага пропуштениот испит.

Во продолжение го пренесуваме соопштението на ДС:






„На матурантката Тијана Силјаноска од Охрид да ѝ се овозможи да го полага пропуштениот испит веднаш, бидејќи грешката е на училиштето.

Јасно е дека пропустот го направиле одговорните во СОУ „Свети Климент Охридски”, тие треба да ја коригираат грешката и на ученичката да ѝ дозволат да полага веднаш, за да може да ги фати роковите за упис на некој од факултетите. Не е педагошки и човечки полагањето да го одлагаат за следната сесија и да даваат изјави и коментари несоодветни за образовна институција.

Демократскиот сојуз го повикува министерот за образование да реагира соодветно и да води грижа за секој ученик посебно, доколку е обесправен“.

Поврзани содржини