На Малта запленети рекордни 740 килограми кокаин наменет за Балканот
Пребарани биле 1.080 кутии банани, од кои 37 кутии содржеле вкупно 740 пакети со бела супстанца. Лабораториски било утврдено дека се работи за кокаин.
Во контејнер со банани во Малта е откриен кокаин во вредност од 100 милиони евра, кој требал да биде испорачан во Словенија.
Според информациите запленети се рекордни 740 килограми кокаин, кој според проценките, преку улична продажба би донел заработка од 100 милиони евра, а контејнерот во кој била пронајдена дрогата бил на пат од Еквадор до Словенија, пренесуваат словенечките медиуми, повикувајќи се на објава на царината во Малта.
Станува збор за рекордна заплена на кокаин во земјата, поголема од ланската заплена на 612 килограми дрога во брод што патуваше на линија Еквадор-Колумбија-Либија.
Малтешката царина соопшти дека откривањето на дрогата е резултат на операција која траела подолго време.
Пребарани биле 1.080 кутии банани, од кои 37 кутии содржеле вкупно 740 пакети со бела супстанца. Лабораториски било утврдено дека се работи за кокаин.