НАЈМАЛОТО БЕБЕ ВО МАКЕДОНИЈА ИМАЛО 480 ГРАМА Поголеми шанси за предвремено родените бебиња
Како директна последица на постојано унапредување на условите и модернизација на Клиниката за гинекологија, од 2016 до 2021 тие успеале да ја намалат смртноста кај предвреме родените бебиња од 26% на само 8% со тенденција овој процент и натаму да паѓа.
Денес кога во светот се одбележува денот на предвреме родените бебиња, на настанот по овој повод на скопскиот плоштад беше речено дека најмалото бебе кое било родено во Македонија е родено во 23-тата недела од бременоста, но тежело малку повеќе од друго бебе кое било родено во 24-тата недела, а тежело само 480 грама. Во светот пак, рекордот го држи момче од САД, родено во 21-та недела од бременоста и тешко 420 грама.
На настанот по повод Светскиот ден на предвреме родените бебиња на плоштадот Македонија присуствуваа министерот Филипче и директорките на клините за гинекологија и педијатрија, Викторија Јовановска и Аспазија Софијанова.