НАЈМАЛО ЛОЗЈЕ НА СВЕТОТ Италијанец одгледува грозје на тераса и продава вино за 5 илјади евра од шише
На минијатурен простор, ексцентричниот винар одгледува црвено грозје за само 29 шишиња годишно, кои се продаваат во уметничката галерија Бонсони Арте, неколку улици подалеку, за вртоглава цифра.
Италијанецот Тулио Масони произведува едно од најексклузивните вина во светот – но тој не сака никој да го пие. Претприемачот, колекционер на уметнички дела и поранешен инвестициски банкар го поседува, како што вели, најмалото лозје во светот.
Сместено е на врвот на палата од 16 век во градот Реџо Емилија кој се наоѓа во сендвич помеѓу Парма и Модена, област што ѝ овозможи на Италија некои од нејзините најпознати извозни производи, вклучувајќи ги Ферари и Ламборџини, пршут ди Парма и рагу ала болоњезе, како и лазањи и тортелини.
Повеќе за ова прочитајте ТУКА.