НАЈМАЛКУ 90 УБИЕНИ, ОД НИВ 33 СЕ ДЕЦА! Израел повторно сее смрт во Газа
Израелската армија потврди дека акцијата била изведена по смртта на 37-годишниот војник Јона Ефраим Фелдбаум, кој загинал во судири во јужниот дел на Газа.
Најмалку 90 лица загинаа, а повеќе од 200 се повредени при израелски воздушни напади врз Појасот Газа, соопшти Граѓанската заштита на територијата која е под контрола на „Хамас“. Според болничките извештаи од три здравствени установи, меѓу жртвите има најмалку 33 деца и десетици жени.
Во болницата „Аксa“ во Деир ал Балах биле донесени тела на шест деца и три жени, додека болницата „Насер“ во Хан Јунис пријавила 20 загинати, од кои 13 се деца. Од болницата „Ауда“ во централна Газа пристигнал извештај за уште 30 жртви, меѓу нив 14 деца.
Израелската армија потврди дека акцијата била изведена по смртта на 37-годишниот војник Јона Ефраим Фелдбаум, кој загинал во судири во јужниот дел на Газа. Армијата соопшти дека нападите биле насочени кон повеќе од 30 „командни позиции на Хамас“, а по акцијата повторно го активирала примирието.
Во посебно соопштение, вооруженото крило на „Хамас“ – Бригадите Изедин ал-Касам — соопшти дека се пронајдени телата на двајца заложници, меѓу кои и Сахар Барух, кој имал израелско и бугарско државјанство. Не е познато кога останките ќе бидат предадени на израелските власти.
По денешната ескалација, Израелските одбранбени сили објавија дека ќе го продолжат придржувањето кон договорот за прекин на огнот, „во согласност со наредбите на политичкото раководство“. Истовремено, Израел најави дека ќе ја забави испораката на хуманитарна помош за Газа додека не се воспостави стабилно примирје.
ИЗРАЕЛ НАПАДНА ВО ГАЗА Нетанјаху нареди силни удари по прекршување на примирјето