Најмалку 50 лица исчезнаа по потонување на ферибот во Бангладеш

Со потонатиот ферибот, според локалните медиуми, се превезувале околу 100 патници.

336

Најмалку 50 лица се водат како исчезнати откако два ферибота се судрија на реката Буриганга, во близина на главниот град на Бангладеш, Дака и едниот брод потона.

Со потонатиот ферибот, според локалните медиуми, се превезувале околу 100 патници.






Од 10 до 15 патници успеале да допливаат до брегот.

Бродските несреќи се чести во Бангладеш, земја со голем број реки. Експертите предупредуваат дека несреќите се случуваат поради непочитување на безбедносните мерки за пловидба

Поврзани содржини