НАЈМАЛКУ 25 РАНЕТИ ВО НОЌНИТЕ НАПАДИ ВРЗ УКРАИНСКИ ГРАДОВИ Русите нападнале со 143 дронови

Од друга страна, руското Министерство за одбрана соопшти дека нивните системи за противвоздушна одбрана собориле 97 украински дронови во текот на ноќта.

68

Најмалку 25 лица, од кои 15 во пограничниот град Суми, се ранети во нападите со руски беспилотни летала во текот на изминатата ноќ, соопштија украинските власти.

Украинските воздухопловни сили прецизираа дека Русија во текот на ноќта истрелала две ракети и 143 дронови. Од нив, соборени се една ракета и 116 беспилотни летала.

Локалните власти известија дека во Суми се ранени најмалку 15 лица. Спасувачките служби објавија снимки од евакуација на граѓани од станбени згради на кои е нанесена значителна материјална штета. Покрај ова, пријавени се тројца ранети во областа Харков и уште тројца во градот Славјанск, додека во областа Днепропетровск се повредени четири лица.

Од друга страна, руското Министерство за одбрана соопшти дека нивните системи за противвоздушна одбрана собориле 97 украински дронови во текот на ноќта.

Истовремено, локални медиуми јавуваат дека 246 пожарникари сè уште се борат со големиот пожар во црноморското пристаниште Туапсе, повеќе од 24 часа по украинскиот напад со беспилотни летала. Туапсе е клучен дистрибутивен центар за извоз на нафтени деривати.

Поврзани содржини